26 Април, 2024
0.0267

Повеќе активни деловни субјекти и помалку трговски дуќани

Објавено во: Економија 23 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Бројот на активните деловни субјекти во Република  Македонија, во 2016 година, изнесува 71 519 и во однос на 2015 година е зголемен за 1,9%. 

Ова е според податоците на Државниот завод за статистика. 

Ова зголемување главно се должи на зголемувањето на бројот на активните деловни субјекти во секторот преработувачка  индустрија (328 субјекти), градежништво (318 субјекти), како и во секторот стручни, научни и технички дејности (357 субјекти). Во 2016 година, во однос на претходната, секторот трговија на големо и трговија на мало; 
поправка на моторни возила и мотоцикли бележи мало намалување (127 субјекти).

Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2016 година најголемо учество имаат секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 33.2% и преработувачка индустрија со 11.1%. Најмала застапеност имаат секторите: снабдување 
со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0.2% и рударство и вадење на камен со 0.3%.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 79.3% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 11.3%, па субјектите со 10 - 19 вработени со 4.3%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.8 %, со 1.9% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија