18 Мај, 2024
0.0547

Повеќе од 500 ракометарчиња ја отворија втората сезона од КЛ7 КУП

Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Над 500 момчиња и девојчиња од школате на капитенот од Струга, Битола, Охрид, Чешиново-Облешево, Богданци, Стојаково, Свети Николе и Делчево викендов ја отворија втората сезона од најмасовното ракометно натпреварување за ракометарчиња на возраст од 6-12 години.


КЛ7 Запад се одигра во Струга во две сали, а учесници на КЛ7 Запад како и вообичаено се КЛ7 Охрид, КЛ7 Струга и КЛ7 Битола. Струга уште еднаш се покажа како одличен организатор и домаќин на овој куп.

КЛ7 Исток го представуваат деца од повеќе градови и општини каде што работи школата на капитенот , Богданци Стојаково, Чешиново-Облешево, Свети Николе и Делчево како домаќин. Натпреварите се одиграа исто така на две локации, а Делчево организаторската работа ја заврши на најдобар можен начин. На натпреварите и во двата купа, децата беа поделени по возраст, а во повозрасните категории и според пол, стартувајќи од 2011 и помали, 2009/10 и на крај децата родени 2006/08


Вистински празник на ракометот и спортот воопшто се случуваше во Струга и Делчево изминатиов викенд, со многу насмевки на лицата на дечињата, многу задоволство кај родителите кои ги следеа натпреварите, што представува огромна сатисфакција за нас како организатори. Радува и податокот што секојдневно таа бројка на деца кој го сакаат ракометот расне, а од друга страна голема е радоста кога гледаме како раснат децата кои уште од почетоците на школата се дел од неа.

За потсетување, од лани преку 1000 деца кои се дел од КЛ7 на територија на цела Македонија во зависност од местоположбата на градот или населеното место поделени се во 4 купови , исток, запад север и југ. Со цел да им се овозможи проверка на стекнатото знаење на терен преку натпревари со своите другарчиња врсници редовно се организираат натпревари во рамки на овие купови. Со што се стимулира натпреварувачкиот дух, борбеноста, фер плеј играта, почитување на противникот.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата