Повеќе од сигурно онлајн купување!
Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2017
Халкбанк А.Д. Скопје на своите корисници на дебитни и кредитни картички им овозможува највисоко ниво на безбедност и заштита при нивните интернет плаќања во земјата и странство.
Visa и MasterCard дебитните и кредитните картички издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата: 3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code.
Со имплементирање на 3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Codeпротоколот, на Вашиот мобилен телефон се испраќа СМС порака со еднократна лозинка (OTP) со која се врши валидација на интернет трансакциите.
За успешно да Ви биде доставена СМС пораката потребно е да гo имате ажурирано бројот на Вашиот мобилен телефон. Ажурирањето може да го направите во најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје или да се јавите во дежурниот контакт центар на телефонскиот број 02/3296-330.
За повеќе информации посетете ја Вашата најблиска филијала на Халкбанк А.Д. Скопје или контактирајте на телефонскиот број 02/3296-330 или е-mail:help24@halkbank.mk