ПОВИК ЗА ДРЕГЗИТ: Maпа со две општини кои би се отцепиле од Косово?
Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2020
Се појави мапа на Косово која повикува на одвојување (дрегзит) на две општини.
На социјалните мрежи кружи монтирана фотографија, која алудира на тоа дека Дреничката Долина ќе се отцепи од Косово исто како што Велика Британија излезе од ЕУ, oбјави „Спутник“.
На фотографијата преземена од mitrovicasot.net е прикажана карта на Косово, но на местото на Дреница, односно општините Глоговац и Србица, што ја сочинуваат Дреничката Долина, оставена е дупка во картата.
Во овие две општини на власт се Рамиз Љадровци од ПДК на Кадри Весељи и независниот градоначалник Беким Јашари.
Под картата напишан е хаштагот Дрегзит, кој алудира на излегувањето на Велика Британија од ЕУ (Брегзит), но нема објаснување дали станува збор за тоа дека овој крај по изборот на Албин Курти за премиер, ќе се обиде да се отцепи од Косово.
Курти и неговото движење Самоопределување се многу непопуларни во Дреница. Колкав е анимозитетот на овие жители кон Курти говори и тоа што пратениците на опозицијата на седницата на која Курти е избран за премиер забележале дека во новата влада нема ниту еден дреничанец.