Повозрасен кавадарчанец починал откако паднал од тераса на Дигестивна хирургија
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2022
Почина кавадарчанец откако паднал од тераса на Дигестивна хирургија.
Кавадарчанец на возраст од 72 години починал пред четири дена на КАРИЛ, откако паднал од тераса на трети кат на Дигестивната хирургија, објави „Канал 5“. Настанот се случил во неделата околу три часот по полноќ, откако ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделник требало да ја напушти болницата. Телото е предадено на обдукција.