18 Мај, 2024
0.2201

Повредени 20-тина текстилни работнички во судар на автобуси

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Oколу 20-тина текстилни работнички се повредени во судар на два автобуси утрово во прилепската населба Точила. 

Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп, според информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид.

Едниот авобус бил празен, а другиот бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп. 

До сударот дошло околу 6 часот изутрината, а според извештајот, автобусот со работничките по судирот удрил во бандера.

Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се утврдува со какви повреди се здобиле.

Прегледаните се со набиеници и лесни повреди и се пуштени на домашно лекување, велат од прилепската болница каде од изутрината се згрижуваат патниците од автобусот кој при судир со друг автобус удри во столб во прилепската населба Точила.

Според Кети Смилеска, директор на Општа болница со проширена надлежност – Прилеп, прво од сообраќајната незгода во болницата се донесени 20 пациенти, а потоа доаѓале и други кои имале лесни повреди.

-Во утринските часови, со екипите на итната помош во прилепската болница се донесени 20 пациенти од сообраќајната несреќа што се случила денес при судир на два автобуси. Од овие 20 пациенти, 8 се на максилофацијална хирургија каде се извршени одредени мали интервенции, неколку пациенти се на ортопедија и на хируршкото одделение. Дел од пациентите, поточно седум сѐ уште чекаат резултати од рентген снимките, една пациентка има повреди на черепот и е задржана поради опсервација и следење на нејзината состојба. Другите пациенти се пуштени на домашно лекување. Доаѓаат и други пациенти со мали повреди и пораид следење на нивната состојба се примаат на преглед, аи од нив нема некои со потешки повреди. Сите пациенти кои се обратија во болницата се надвор од животна опасност, немаат сериозни повреди за загрозување на нивниот живот. Во болницата се оние кои ги чекаат рентген-снимките, другите се пуштени на домашно лекување, изјави Смилеска.


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?