Повредениот фудбалер на Дортмунд порача: Заборавете на војните
Објавено во: Свет 14 Април, 2017
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марк Бартра, кој се здоби со повреди на раката при експлозијата која го погоди клубскиот автобус на патот кон стадион, порача дека е среќен што сите немили настани не завршиле со поголеми последици.
„Денес ја имав посетата во болница, која што ме направи најсреќниот човек на светот. Тие ми се сè, причината поради која поминувам низ сите пречки и преку ова искуство, кое е најлошото на светот и кое не го посакувам никому. Болка, паника и несигурност од незнаењето колку долго ќе трае оваа случка. Најдолгите 15 минути во мојот живот.
Шокот кој го доживеав овие дена ми дава сила уште повеќе да живеам, тренирам, да работам, да се смеам, да плачам, да чувствувам, да верувам, да играм и да уживам покрај моите омилени луѓе. Сакам да кажам само едно нешто - заборавете на војните. Кога ќе погледнам во мојата повредена рака, знаете што гледам? Гордост. Ја гледам и си мислам дека и покрај сите немили сцени овој вторник, настрада само таа.
Благодарност на докторите, сестрите, физиотерапевтите кои ми помогнаа да заздравам побрзо. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на илјадниците фанови, организацијата, екипата на Борусија Дортмунд и моите соиграчи, кои ми дадоа неизмерна поддршка. Можеби тоа е мал гест, но за мене е голема сила за да продолжам понатаму.
Морав да го напишам ова и да го споделам за да ме смири и сега ќе продолжам со заздравување за да стигнам до 100 отсто што поскоро. Еден голем поздрав! Марк“, напиша Барта.