02 Мај, 2024
0.0273

Повторно одложена примената на новиот Закон за акцизите

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Кон крајот на мај оваа година Собранието донесе нов Закон за акцизите („Службен весник на РСМ“, бр. 108/19) и истиот требаше да започне да се применува од 15 јули 2019 година. Во јули се донесоа измени и дополнувања на Законот за акцизите (Службен весник на РСМ, бр. 143 од 12.7.2019 година) со кои се одложи примената на Законот за 1 ноември 2019 година. Дополнително, со овие измени и дополнувања во Законот се интервенираше во членот 58 кој се однесува на акцизата за етил алкохол и питки жестоки алкохолни пијалаци. Клучното образложение за измените и дополнувањата на Законот беше дека е потребен дополонителен временски период за да се обезбеди целосна функционалност на Компјутерскиот  систем за следење и контролирање на движењето на акцизни стоки (Excise Movement and Control System - EMCS) со кој ќе управува Царинската управа. Истовремено се образлагаше дека ќе биде потребно дополнително време за да се овозможи економските субјекти да се усогласат со одредени обврски и да се приспособат на новите решенија кои се предвидени во новиот Закон за акцизи.


Бидејќи, во меѓувреме Компјутерскиот  систем за следење и контролирање на движењето на акцизни стоки не е воспоставен, минатата недела Собранието донесе нови измени и дополнувања на Законот за акцизите (,,Службен весник на РСМ,, број 108/19 и 143/19), со кои повторно се одложува отпочнувањето на примената на Законот за акцизите и наместо од 01 ноември 2019 година истиот ќе отпочне да се применува од 01 јануари 2020 година. Повторно образложението за предложеното одлагање на примената на Законот за акцизите е поврзано со завршните процеси на техничките аспекти кои треба да го овозможат функционирањето на Компјутерскиот  систем за следење и контролирање на движењето на акцизни стоки (EMCS) кој е неопходен заради спроведување на новиот Закон за акцизите. Исто така, со последните измени и дополнувања на Закон за акцизите се вршат и одредени доуредувања кои треба да овозможат на економските оператори кои работат со нови тутунски производи да ги пријават планираните месечни количини на акцизни марки во периодот од 1 декември до 10 декември 2019 година, да ги подигнат акцизните марки и да ги обележат производи согласно новиот Закон за акцизите, по што ќе бидат во состојба да ги започнат своите планирани активности со новите тутунски производи.

Имајќи го предвид претходното може да се заклучи дека новиот Закон за акцизите веќе претрпе две измени и дополнувања пред неговата примена, што во исто време наметнува и прашање дали истиот нема да „доживее“ уште едно одложување на примената, особено ако се има предвид дека на Електронскиот систем за јавни набавки на 22.10.2019 година објавен е оглас за „Изработка на физибилити студија за воспоставување на Јавно приватно партнерство за електронски систем за следење на акцизни добра“. Во Тендерската документација е предвидено носителот на набвавката да го изврши предметот на договорот во делот на изработка и предавање на физибилити студија во рок од 50 работни дена, од денот на склучување на договорот за јавна набавка.

Компјутерскиот  систем за следење и контролирање на движењето на акцизни стоки (EMCS) е една од клучните новини на конкретниот Закон, истиот предвидува следење и контрола на акцизни добра со компјутерски систем кој треба да се воспостави, а кој всушност претставува уште една алатка за усогласување со системот на Европската унија. При изработката на физибилити студија за воспоставување на Јавно приватно партнерство за електронски систем за следење на акцизни добра, треба да се има предвид и искуството од другите европски држави, во смисол дали во истите приватен партнер е вклучен во следењето и контролирањето на движењето на акцизните добра и дали тоа е од јавен интерес. 

Од аспект на компаниите укажуваме дека неопходно е законодавецот и надлежните органи да го подобрат системот на планирање на своите активностите, со цел да се зголеми предвидливоста. На економските субјекти им е потребно време за усогласување со одредени обврски и приспособување на новите решенија кои се предвидени во Закон за акцизи, чија примена се одлага. Но, од новото законско решение економските субјекти  очекуваат и одредени погодности.

Со честото менување, но и со одложувањето на примената на законите поради несоодветната процена од надлежните државни органи на можностите за нивната примена се создава правна несигурност кај даночните обврзници, во прв ред кај компаниите и истото негативно влијае на деловното окружување. Затоа оваа практика мора да се напушти.

Анета Димовска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа