Позајмивме 700 милиони со еврообврзница, за камата ќе вратиме уште 150 милиони евра
Објавено во: Економија 28 Мај, 2020
Над 150 милиони евра ќе плати Македонија како камата на позајмените 700 милиони евра, вчера преку издадената седма еврообврзница. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, а годишната камата е 3.675 процентни поени.
Од Министерството за финансии соопштија дека каматата е исклучително ниска.
Макеоднија издаде еврообврзница за да ги покрие буџетските потреби за оваа и за следната година. Земјата е погодена од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и поради зголемените потреби за финансирање беше потребно да се позајмат парите. Инаку ова дополнително ќе го зголеми јавниот долг. Владата веќе донесе ребаланс на буџетот со кој го зголеми буџетскиот дефицит за годинава за дополнителни 470 милиони евра.
„Исто така, интересот на странските инвеститори за македонската еврообврзница беше 5 пати поголем од износот кој беше издаден. Ова е уште еден податок, покрај поволната каматна стапка, што укажува на доброто позиционирање кај странските инвеститори и нивната доверба во земјава. Ова се должи на макроекономската и финансиска стабилност, како и нашата посветеност и успехот постигнат последниве години во евроатланските интеграции, соопштија вчера од Министерството за финансии.
Фактор вчера објави за процесот.
А.Т.