19 Мај, 2024
0.0279

Пожари во Источна Македонија, Општина Берово ги повика граѓаните да помогнат во гаснењето

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Гори шума во околината на градовите Делчево и Берово. 

Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци, но и сува трева и шума на планината Средна на местото Света Вода, меѓу делчевските села Разловци и Трботивиште. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски вели дека пожарот во беровско се шири поради ветерот, а на терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“.

Портпаролката на Општина Делчево,  Даниела Такева вели дека според првичните информации во делчевско е зафатена е површина од два-три хектари шума и сува трева.

Општина Берово денеска aпелираше до граѓаните за помош при гаснење на пожарот.

„Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски. Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелираме до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година“, велат  oттаму.

И лани во овој дел на Македонија имаше големи шумски пожари кои направија пустош. На помош дојдоа пожарникари од повеќе земји. Помогнаа Словенци, Австријци, Бугари, Срби.

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“