29 Април, 2024
0.0309

ПОЖАРНИКАРИТЕ СПАСИЛЕ НАД 20 ЛИЦА ОД СТРАШНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ - Арсовска изјави дека им помогнале само МВР

Објавено во: Македонија 31 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и Противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица од невремето. Се санираат штетите кои се предизвикани пред се од обилните наноси на дожд, има голем број откорнати и паднати дрвја кои имаат нанесено значителни материјални штети, а сето тоа предизвикано од силните ветрови во попладневните часови во Скопје, изјави вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Тимови составени од јавните претпријатија, посочи таа, расчистуваат на терен и ќе останат се до целосно санирање на проблемите на критичните места и до нормализација на состојбата.

– Координација имаме само со МВР кое помогна да се изолираат овие улици и булевари каде имаше поплави. Верувам дека во следните денови ќе имаме соодветна комуникација со сите надлежни институции. Нашите екипи интервенираа брзо и ефикасно и успеавме да го превенираме толку колку што можеше, затоа што беа тоа навистина обилни дождови какви што немаме забележано во изминатите неколку години. Можеби најважната работа е да се посветиме на тоа оваа инфраструктура да биде санирана за долгорочно да немаме вакви проблеми. Исто така и јавните градски претпријатија активно кога имаме најава за тоа дека ќе има невреме работат на тоа да се чистат сливниците, улиците и да се направи сето она што е возможно за да го немаме тоа што се случи вечерва, рече Арсовска.

Додаде деке е неопходна санација на инфраструкрурата во градот и нејзино соодветно димензионирање за да не се повротуваат вакви појави во иднина.

Градоначалничката Арсовска раководеше со итниот теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, по силното невреме кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и наноси на лисја и отпад и предизвика поплави на повеќе места низ градот. Во моментов, екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме.

Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва Кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми, но ќе се бара и одговорност за несоодветната инфраструктура која придонесе за штети на градските булевари, информираат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево