Пратеничка ја напушти партијата на Меркел - на што и забележува?
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2017
Германската пратеничка, Ерика Штајнбах ја напушта владејачката партија Христијанско-демократската унија (ЦДУ) затоа што е против миграциската политика на партиската лидерката и канцеларка, Ангела Меркел.
„Во овој поглед можам само да го направам чесниот заклучок дека треба да ја напуштам ЦДУ”- вели Штајнбах кој сепак смета да си го зачува пратеничкиот мандат.
Таа е во ЦДУ од 1974 година. Вели дека голем дел од граѓаните кои го дадоа својот глас, не се согласуваат со миграциската политика.
„Јас ќе ги претставувам во Бундестагот до крајот на мандатот “- вели таа.
Кажа дека Меркел го прекршила постојното законодавство, кога есента 2015 година ги отворила границите за бегалците. Таа додаде дека илјадници пасоши, претставени од мигрантите се покажаа како лажни, но за прекршителите немаше никакви правни последици. Смета дека покрај бегалците во Германија дошле и многу потенцијални терористи.