Пратеничката Лазарова е во стабилна состојба но, ќе ја задржат на клиника
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2018
По вчерашната тешка сообраќајна несреќа пратеничката од редовите на СДСМ Мери Лазарова од Валандово е во стабилна состојба.
Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ја посети Лазарова на Клиниката за неврохирургија, вели дека била донесена вчера околу 20 часот со повреди на главата.
„Има лесна повреда на главата и е во стабилна состојба. Немаше потреба од никаква хируршка интервенција, и нема други повреди. Ќе ја задржиме уште неколку дена на опсервација – вели д-р Филипче, кој и самиот е неврохирург.
Со пратеничката, во автомобилот бил и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, но тој поминал со полесни повреди бил префрлен во болницата во Кавадарци.