Пратениците не избраа претседател на Собранието ни денес
Објавено во: Македонија 28 Март, 2017
Заврши уште еден ден без суштинска дебата во Собранието со смеење , нервоза и печатени реплики.
На продолжението на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија и денес се расправаше за третата точка од дневниот ред, изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања и на крај седницата повторно се одложи за утре.
Претседавач со Собранието, Трајко Вељаноски, ги повика пратениците да се откажат од правото на збор за расправата да добие на динамика и поскоро да се премине на изборот на нов претседавач на Собранието, на што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираа.
Седницата продолжи со реплики и меѓусебни обвинувања на пратениците, и со долг список за обраќање од говорницата, главно пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од вчера, денеска немаше претставници од дипломатскиот кор.