27 Април, 2024
0.0301

ПРАВИЛО „5 МИНУТИ“: Директорот на Инстаграм и милијардер знае како и се бори против мрзеливоста

Објавено во: Стил 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Следниот пат кога нешто ќе ве мрзи да направите, пробајте ја оваа метода. Сигурно знаете некој или и вие сте се нашле во ситуација кога прелистувавте стотици фотографии на Инстаграм наместо да правите нешто корисно. Има лек и за тоа. Интересно е дека совет против мрзеливоста ни дава токму директорот на мрежата која често не спречува да бидеме продуктивни и вредни.

Кевин Систром (Kevin Systrom), директор и коосновач на Инстаграм, вели дека неговиот најважен час, кој го има само за себе, е наутро. Тогаш-вежба полни 60 минути. Систром вели дека се буди секое утро и долго вози велосипед. Еден ден, како што вели, ќе ги совлада и најтешките тури по Франција. 

Тој не е единствен кој вежба наутро како во текот на денот би бил продуктивен. Оваа навика ја делат и директорот на Епл Тим Кук, основачот на Твитер и Скер Џек Дорси, како и основачот на Вирџин Груп Риџард Бренсон.

Како им оди од рака да се држат до оваа рутина секое утро, дури и кога по цел ден се зафатени и претрупани со обврски?

Правило „5 минути“

Систром исто така има правило со помош на кое се ослободува од одолговлекување и мрзеливост.

„Ако нешто не сакате да правите а знаете дека би требало, склопете сами со себе договор тоа да го правите барем 5 минути. После 5 минути ќе заборавите дека на себе си дадовте рок и ќе завршите се“.

И тоа е точно. Сетете се колку пати сте слушнале дека најдобар начин нешто да се заврши е - да се почне. И тоа воедно е најтешкиот дел. Да се мотивирате себе на почеток обично е најголема борба. Но, што кога си кажете на себе дека ќе работите само 5 минути? Тогаш е многу полесно да се преземат првите чекори.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти