26 Април, 2024
0.0280

Празна каса: администрацијата извиси, годинава нема да се зголемат платите!

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Нема повисоки плати за вработените во администрацијата.  Ветеното зголемување за 5%  се одложува. Буџетарите и годинава извисија и остануваат без повисоките плати што требаше да ги добијат за два месеци односно во декември. Власта сега им испорачува ново ветување.  Наместо во декември годинава , повисоките плати им ги најавува за декември 2013 година. Законот е веќе во собраниските комисии, се носи по скратена постапка и според очекувањата треба да биде изгласан до декември годинава. Во измените на Законот за исплата на плати, министерството за труд и социјална политика  предлага: „ одлагање на планираниот  пораст на платите од 5%  за вработените во јавниот сектор  од декември 2012 година за декември 2013 година. Дополнително во документите потпишани од министерот Спиро Ристовски пишува дека овој потег се прави заради „обезбедување на исплата на платите во рамките на планираните средства за плати за вработените во јавниот сектор.“ Сепак, ова не е прво одложување на зголемувањето на платите на администрацијата туку зголемувањето на платите се одложува во неколку наврати. Во 2007 година, пре­ми­е­рот Никола Груевски, придружуван од сите свои министри од говорницата во владината сала го најави зголемувањето на платите на вработените во ад­ми­нис­тра­ци­ја. Според најавата,  до 2009 година платите на буџетарите требаше да се зголемат за 34% . Зголемувањето требаше да се одвива во фази односно по 10 насто годишно, сe до 2009 го­ди­на, кога платите требаше да пораснат за 14 насто. Согласно овој план , платите на административците во 2007 и 2008 година пораснаа за 20 насто по што поради кризата следуваше замрзнување на останатиот дел од најавеното зголемување. Сепак, и покрај тоа што платите на администрацијата ќе останат замрзнати до крајот на 2013 година, тоа не важи за пензиите и социјалните надоместоци. Тие ќе добијат зголемување што според најавите треба да се случи во март. Оваа најава неодамна стигна лично од премиерот Никола Груевски, кој на административците наместо за ветеното зголемување на платите им порача да не се грижат за своите работни места. „Многу е веројатно дека Македонија во 2013-та година ќе биде единствена или една од ретките земји во Европа која во вакви услови ќе изнајде начин да ги зголеми пензиите на пензионерите и социјалните надоместоци на лицата приматели на социјални помошти “.  Дополнително Груевски  додаде „ во 2013-та година нема да дозволиме ниту масовни отпуштања од администрацијата заради заштеди во буџетот, ниту намалување на платите.“    

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите