04 Мај, 2024
0.0289

Празници како 11 Октомври за Димитриев се инспирација за напредок

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Сеќавајќи се на овие славни моменти од нашата историја и ние денешните генерации треба да се инспирираме колку што е можно повеќе и да останеме посветени, целосно и безрезервно, кон нови успеси и нови радости за нашиот народ, истакнува премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев во честитката по повод празникот 11-ти Oктомври – Денот на народното востание.

„Денес Република Македонија прославува 75 години од почетокот на големото народно востание и борбата на нашиот народ за ослободување од стегите на фашистичкиот окупатор. Денес се сеќаваме на големиот број борци кои тогаш кога било потребно се исправиле пред предизвикот на својата генерација и храбро ја повеле борбата која придонесе Македонија да го дочека крајот на Втората светска војна на страната на победниците, на страната на големата коалиција на земји поборници на мирот, слободата, демократијата и почитувањето на човековите права“, истакнува Димитриев

Ако пред 75 години, продолжува Димитриев, предизвикот бил да се врати слободата на народот, денес е предизвик да се отворат нови работни места, да се донесат повеќе инвеститори, да се поттикне уште поголем економски развој, да се интегрира државата во Европската унија и НАТО, да се изградат што повеќе патишта, да се подобри здравството и образованието, да се напредува во културата, земјоделието, туризмот и многу други полиња од значење за нашето секојдневие. Тоа се идеалите пред кои сме денес исправени и на кои треба да одговориме со сето срце и љубов за Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите