ПРЕДИЗВИК ЗА СВЕТОТ: Рецесијата ќе биде двапати посилна од онаа од 2009
Објавено во: Економија, Корона Вирус 22 Април, 2020
Светот го очекува економска рецесија досега незабележана во текот на цела повоена историја.
Оваа рецесија, меѓу другото, ќе биде двапати посилна и од онаа за време на кризата во 2009 година.
Светскиот бруто домашен производ (БДП) се прогнозира да опадне за 3,9 проценти во 2020 година, пад кој е досега незабележан во повоениот период, инфомираше денеска рејтинг агенцијата „Фич“.
Причината за таквиот пад се воведените ограничувања поради пандемијата на коронавирус, јави дописникот на МИА од Вашингтон.