26 Април, 2024
0.0292

Избори, кампањи, ветувања

Предлози за гол ручек, со мала метаморфоза

Објавено во: Македонија, Колумни 23 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Вие прислушкувавте,- не, вие прислушкувавте. Вие ја уништивте Македонија, не,- вие ја уништивте Македонија. Бомбите се измислени, тоа беа само гласови на нашите многу талентирани актери што синхронизираат турски серии. Толку многу се изверзираа, што можат и во сон да ги имитираат гласовите на кој ќе стигнат. Монтирано, лепено, протестите платени од Сорос, Диме го бркаа криминалци, а тој глумел пијанво туѓо возило за да може ноќе полесно да се интегрира меѓу алхохолизирани социјални случаи. Сите здравствени објекти се прекрасни, само што барокните лепенки се поубави, па ве заслепуваат за да можете да ги видите навистина какви се. Младите си заминуваат од аздис, од пропаднати љубови, гладните се доброволно на диета, на невработените не им се работи, воздухот е загаден дека се пуши надвор.

Одамна македонската реалност, е толку инспиративна што би и позавиделе и големите филмски  мајстори на психоделични и хорор приказни, надреализам во есенцијална форма. Ако порано главно зезање беше дека Линч, Фелини или Тарантино можат вода да им носат на сите сценарија што секојдневно се плетат во нашава земја, сега го надминавме и Кјубрик, Карпентер, Кроненберг,  а за примери од литературата, подобро да не почнуваме со редење, долг, навистина долг е списокот исто како и раката на актулната владеачка структура. Секој еден голем автор, што се обидел да направи визулена или пишана нарација, чепкајќи по мрачната човекова подсвест што создава исто толку темни  колективи и општества, мислам дека ќе затрепери пред триумфот на нашата полтичка стварност. За цинизмот и исмејувањето, Монти Пајтон ќе мора да ни ги врачат сите одликувања од нивните полици.

Со принципот на негација на нормалноста, отсуство на секое рационално толкување се создава подмолен страв. Тука е заплетот кога човек се прашува што не е во ред со него, полека ви се леди крвата, и посегнувате по здравиот разум но и тој се збогувал со вас и се пикнал во утробата на стравот...Со помош на фантазија и креција,  така некако функционира и се гради приказната во сите застрашувачки дела.

Но, да се вратиме во реалноста. Почна предизборната кампања и со неа почна да се полни телевизиската минутажа, со рекламни спотови на политичките противници, митинзи, говори, ветувања. Мерење и премерување на кој му е поголем, овој, памфлетот и списокот со предлози за нашето подобро утре. Има разлика!, Не е нормално!, Ние знаеме!, Името не го даваме!, Уставот пред референдум!,Двојазичност! итд. Новинариве прашуваат едно, овие си зборуваат што смислисле да кажат. Вие прислушкувавте,- не, вие прислушкувавте. Вие ја уништивте Македонија, не,- вие ја уништивте Македонија. Бомбите се измислени, тоа беа само гласови на нашите многу талентирани актери што синхронизираат турски серии. Толку многу се изверзираа, што можат и во сон да ги имитираат гласовите на кој ќе стигнат. Монтирано, лепено, протестите платени од Сорос, Диме го бркаа криминалци, а тој глумел пијан во туѓо возило за да може ноќе полесно да се интегрира меѓу алхохолизирани социјални случаи. Сите здравствени објекти се прекрасни, само што барокните лепенки се поубави, па ве заслепуваат за да можете да ги видите навистина какви се. Младите си заминуваат од аздис, од пропаднати љубови, гладните се доброволно на диета, на невработените не им се работи.

Има една категорија на луѓе кои за жал, ми се платкаа во мојата лична орбита, и не знам точно со каква дијагноза се, но способни се да негираат се што направиле или не направиле. Фактите за нив не постојат, ниту пак туѓите состојби и чувства. Единствената и крајна цел е да си ја сочуваат нивната позиција во вашиот живот и да паразитираат благодарение на вашата зубенетост. Искуството ми покажало дека не постои начин да се справите со нив, освен да ги елиминирате. Исцрпувачка е битката со овие поединци, уште повеќе ако таа трае долго време. Потрошено е премногу енергија, залудно е да објаснувате, да се докажувате, едноставно заминувате, во надеж дека не оставиле премногу последици и не ве инвалидизирале, до толку што веќе не сте во можност да го препознаете подоброто.

Во првиве денови на предизборната кампања, некако на оваа линија се движи социјалниот страв. На овој симболичен датум со две единици, што може да означи нов почеток за сите нас, единствено ќе пресуди колку е масовна ампутацијата на здравиот разум. Колку енергија е останато да се спротиставиме на оваа многугодишна манипулација.

Не има такви кои инстиктивно ги затвораме очите на страшни сцени од хорор филмови, но има такви кои уште толку се ококоруваат, за да се соочат со стравот, и да го надминат засекогаш. Кои се побројни, ќе видиме за непол месец.

Додека овие што ќе трошат милиони за кампањи и ќе верглаат за историја, судбина, економија, социјала, најумно што може да се направи е секој еден граѓанин да си го погледне сопствениот живот, тука и сега, од сите можни аспекти што му ги условува државата и да види што е добро а што не е е добро тука. И во меѓувреме, за да не полудиме од глорифицирани ликови и ветувања, добро е да се опуштиме со некој филм на гореспоименатите маестрални автори. Нека ни се со среќа изборите!

Ана Василевска

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“