30 Април, 2024
0.0463

Предности и мани на животот во Москва

Објавено во: Стил 04 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Загребчанката Ива Прачевиќ со семејството се преселила во Русија, при што раскажува кои се предностите и маните за живот во руската престолнина.

Сопругот добил работа во оваа земја, по што за месец дена одлучиле да се преселат. Таа вели дека од своја пријателка која живее во Москва добила поинаква претстава, но понатаму сфатила дека Москва е поинаква од привичната претстава која ја имала.

Раскажува дека Русите се супер луѓе ако ги прифатите нивните обичаи и дека земјата е безбедна.

Иако има густ сообраќај, вели дека со воз и метро за 20 минути можете да стигнете до било која локација на градот.

Како предност Прачевиќ вели дека е тоа што Москва има огромен број паркови, а има и град за деца.

Сепак, објаснува дека бирократијата е проблем и за отварање на сметка во банка се потребни 2 часа.

Истото е и со примање на пратки по пошта за кои вели дека е потребна цела процедура додека да се подигнат.