Предупредувања за можни терористички напади во Европа за Божиќ
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2017
САД предупредија за зголемена терористичка закана во Европа за време на празниците на крајот на годината. Предупредувањето е кон американските граѓани на Стариот континент и е во сила до 31 јануари 2018 година, прецизира Стејт департментот.
Такво предупредување беше издадено и во претходните години.
Стејт департментот потсетува дека минатата година на Божиќ во Берлин терорист со камион прегази и уби 12 лица, а во новогодишната ноќ напаѓач застрела 39 лица во дискотека во Истанбул.
САД препорачуваат граѓаните на САД да бидат внимателни кога посетуваат јавни места или туристички дестинации додека престојуваат во Европа.
фото: Pixabay