17 Мај, 2024
0.0274

Прентовиќ: Владата ги лаже земјоделците, состојбата со откупот на пченица е алармантна

Објавено во: Агробизнис 30 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Земјоделците се излажани, а пченицата им лежи во амбарите, изјави на денешната прес-конференција, Татјана Прентовиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ. - Погрешната политика во земјоделството, популистичките и кампањски мерки што ги презеде Владата на Никола Груевски доведоа до тоа откупот на пченица речиси да запре. Состојбата е алармантна. Околу 30% до 40% од вкупниот род на пченица остана во амбарите, а повеќе од половината од откупената остана неисплатена - рече Прентовиќ. Според неа, по укинувањето на мерката за условен увоз од страна на Владата, измамени останале и мелничарите и земјоделците. - Како резултат на погрешната аграрна политика на власта, пред две недели мелничарите донесоа одлука сите мелници кои ја немаа платено откупената пченица, да им ја вратат на земјоделците. Затоа сега повторно се зголемија количините на непродадена пченица која стои по амбарите, а нејзината цена е 8 ден/кг - потенцира Прентовиќ. Погрешните политики на власта во земјоделството не поттикна развој и конкурентност, туку загриженост и несигурност кај земјоделците. -Затоа во последниве седум години, рече Прентовиќ, имаме 20 000 хектари помали површини под пченица и 60 000 тони помало производство. Таа ја обвини власта дека ги лаже земјоделците и ја повика да престане со таквата практика. -Ги направивте аргати на сопствената земја. Дали сте помислиле дека доаѓа време за сеидба на пченицата? Со кои пари земјоделците ќе ги платат трошоците за орање, сеидба и ѓубрење? Срамота е покрај толку високи субвенции да имаме сиромашни земјоделци, потенцираше таа. Таа ја повика Владата итно да го реши овој проблем на земјоделците со доплаќање на разликата до 15 денари по килограм, или да им ја откупи целата реколта на пченица за стокови резерви.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?