Преполн брод со бегалци потона во Медитеранот
Објавено во: Свет 23 Септември, 2016
Најмалку 51 лице загинаа при потонување на мал брод крај бреговите на Египет во Средоземното Море.
Бродот превезувал меѓу 300 и 400 бегалци од Египет, Сирија, Судан, Сомалија и други држави, соопштија агенциите.
Според еден од преживеаните патници на бродот требало да има околу двесте луѓе, но шверцерите додале уште луѓе кон оваа бројка и на тој начин предизвикале превртување.
Египетскиот премиер Шариф Исмаил вети дека неговата земја ќе им ја даде потребната помош на преживеаните бегалци.
Четворицата членови на екипажот на бродот се уапсени. Египетското обвинителство има четири дена, за да им подигне обвинение.
Ваквите случаи зачестија. Најмалку 42 лица вчера загинаа, а 163 мигранти се спасени по бродолом крај египетскиот брег.