29 Април, 2024
0.0260

Пресврт заради кој одекна најгласниот сон

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Приказната за еден од највлијателните говори на 20-от век започнува на 27-ми август 1963-та, ден пред неговата изведба, во хотелот Вилард во главниот град на САД. Д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор, со уште седуммина луѓе, внимателно додаваат и одземаат од неговата содржина. Д-р Кинг бара говорот да биде сумиран во неколку главни точки што ќе му служат како патоказ во зборувањето. Присутните се претставници на различни засегнати групи.

Да се извлечат сите поенти во единствен манир - за времетраење од еден јавен говор е речиси невозможно. Очи во очи со оваа задача е исправен човекот кој со години е задолжен за вербалните излагања на д-р Кинг, Кларенс Б. Џонс. Токму од неговата книга „Зад сонот“, добиваме целосна претстава за важноста на говорот, а од таму и за величината на сонот.

Рано изутрина на 28-ми Август, копии од конечната верзија на говорот се доставени до медиумите. Неколку часа подоцна, д-р Кинг е исправен на говорницата и со единствен глас зборува за илјадниците обесправени. Или, подобро речено, за илјадници кои чекаат во ред да ги добијат своите човечки права.

На маршот во Вашингтон, под мото „Вработување и слобода“ а со цел ставање крај на расизмот во САД - присутни се повеќе од 10 илјади важни претставници од светот на општественото живеење. Дел од програмата е и изведба на женски госпел хор. Дел пак од истиот тој женски госпел хор - е Малаја Џексон - добра пријателка на д-р Кинг и 

долгогодишен соборец на линија на правата на црнците. Токму нејзиниот глас е орозот на епското во говорот на д-р Кинг.

Во првата половина од излагањето, д-р Кинг ревносно и често погледнува долу. Гледа во претходно изработениот говор, говор што претставува одредена варијација на тема, споредбено со она што го зборува два месеца претходно на собирот во Детроит. Токму на половина од говорот - Малаја Џексон - која во тој момент е дел од толпата што слуша, гласно му се обраќа на д-р Кинг. 

Му вели: „кажи им за сонот!“ а тој подзастанува и го трга листот настрана. Од тука натаму, тој воопшто не погледнува во листот, а токму ова е и моментот од кој неговото зборување добива на моќ. Моќ што ќе направи ова да биде еден од најзначајните моменти во историјата на нашата цивилизација. 

Д-р Кинг импровизира! „Јас имам сон“ одекнува како рафал - директно од душата - преку грлото на еден генијален реторичар. Зрелоста во храброста на маргинализираните во толпата сега зборува низ устата на д-р Кинг. Пораката е испратена. Д-р Кинг вербално плива низ таа енергија со вештина на џез музичар што свири долго по завршувањето на основната тема. Пораката е сега кај гулабот на слободата. Зборови што живеат и денес.

Текстот е инспириран од Налгесин С и сите оние кои носат паметни одлуки, веднаш и сега. Одлуки кои го менуваат светот.

Можеби ќе ве интересира

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк