26 Април, 2024
0.0300

Претседавачот на ОБСЕ Себастијан Курц гостин на тркалезната маса во Скопје за улогата на младите во борбата против насилниот екстремизам

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи Себастијан Курц, министерот за надворешни работи Никола Попоски и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен, како и неформалната советодавна група за млади при Мисијата, разменија мислења за перспективите на младите во борбата против терористичката радикализација и насилниот екстремизам за време на тркалезната маса која се одржа вчера во Скопје.

„Покрај мојата секојдневна размена на мислења со политичари, официјални претставници и експерти, јас многу ги ценам и ситуациите кога можам да ги видам работите од поинаква перспектива. Да се разговара за предизвиците денес, со оние кои ќе носат одлуки утре е од посебна важност за мене. Мора да ги слушаме младите, да им дадеме поголема улога и да ги направиме дел од решението", изјави Курц.

За време на настанот, насловен како "Не за радикализацијата: Младите против насилниот екстремизам", членовите на локалните младински совети од Битола и Кичево, како и граѓанските организации, зборуваа за напорите да се идентификуваат и адресираат условите кои водат кон радикализација и екстремизмот кој води кон тероризам. Тие разговараа и за иновативни пристапи во справувањето со овој предизвик.

Министерот за надворешни работи Попоски, рече дека образованието е клучен фактор во борбата против насилниот екстремизам. „Прекуграничната соработка меѓу институциите видно заостанува зад мрежата за регрутација."

Суомалаинен ја нагласи важноста на ангажирањето на младите, особено на локално ниво: "Верувам дека грасрут движењата можат да ја зацврснат отпорноста на општествата кои се соочуваат со овие појави. Треба да ги слушаме и да ги вклучуваме младите, ако сакаме да успееме ."

Курц ја пофали Мисијата на ОБСЕ во Скопје поради тоа што го користи своето вредно и посветено присуство, како и долгогодишната соработка со сите заедници како ресурс во борбата против насилниот екстремизам и радикализмот кој води кон тероризам, преку ангажман на младите.

Тркалезната маса е дел од активностите на Мисијата за вклучување на  младите и граѓанските организации во борбата против насилниот екстремизам. Придонесот на младите лидери и претставниците на граѓанските организации и тинк-тенкови - Аналитика, Центарот за меѓукултурен дијалог, Хелсиншки комитет за човекови права и Демокраси лаб - обезбеди важна основа за понатамошна работа во оваа област.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“