06 Мај, 2024
0.0257

Превозниците ќе протестираат пред Влада, ама од кабините, бидејќи не се дозволени јавни собири

Објавено во: Економија 23 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Превозниците во понеделник или вторник ќе одржат протест пред Владата поради зголемената акциза на горивата, која е донесена со цел да се зголемат буџетските средства заради справувањето со корона епидемијата. Возачите ќе го искажат своето незадоволство од кабините на транспортерите, затоа што не се дозволени јавни собири поради мерките на заштита, а нема да има ниту целосно застанување пред локациите.

„По соопштението на владата за покачување на акцизата за горивата, огромен е револтот кај сите ВАС кои се најдовте на ветрометина, од една страна не можете да искористите некои од пакетите за помош донесени од Влада, а од друга страна некој решил и одлучил дека имате премногу средства и донесе т.н. антикризна мерка која директно ќе удри по вашите џебови и тоа се до крајот на 2020 година.
Со цел да одговориме на се поголемите радикални барања за да се преземат соодветни мерки и да се организира протест, пред се би сакале да нагласиме, дека Макам-транс сте вие сите членките, а ние кои сме вработени во асоцијацијата извршуваме работи кои се во ваш интерес и за ваша помош и поддршка, но силата и целата снага е во ВАС и ВАШАТА СЛОГА“, објави Макам-Транс, здружението на превозниците.

На 20-ти Март 2020 година Владата донесе Уредба со законска сила за примена на законот за јавните собири за време на вонредна состојба под бр. 44-2394/1 каде во член 2 е наведено: „Се забранува одржување на јавни собири на територија на Р.С. Македонија, за време на траење на вонредна состојба. Користењето на правото на јавни собири може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.

Предвидено е колона од влекачи, комбиња, автобуси да се движат по одредена маршута низ патиштата во државата со натпис на кој ќе пишува „Протест“ и како една целина да пристигнат пред Влада, Собранието и судскиот комплекс. Сирените од возилата треба силно да се огласат  без да се застанува. 

„Сите кои ќе ги управуваат возилата ќе бидат на сигурно и во самоизолација, што значи нема да се предизвика никаква штета по здравјето на населението, а исто така се ова може да се направи кога нема да биде на сила полициски час, што значи нема прекршување на законските одредби.
Ние како организатори на протестот имаме за обврска да го пријавиме настанот во МВР и тоа 48 часа пред да се започне со протестот. Потребно е да изработиме маршута на движење на возилата, со назначени места каде ќе се собираат групите од разни градови од сите региони на државата, но исто така мора да се одредат и лица кои ќе бидат еден вид на редари/одговорни за секоја група, како би биле сигурни дека нема да се случи никаков инцидент, се да биде мирно и достоинствено, да Ве видат и да разберат дека многу не има“, соопштуваат од здружението.

Од таму додаваат дека учеството во протестот е слободно за секој превозник на стока или патници без разлика дали е или не е член на асоцијацијата.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот