20 Мај, 2024
0.0297

Презентиран мастер планот на Сахара за проектот млекарница

Објавено во: Агробизнис 06 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Претставници на Сахара Пјур денеска го презентираа мастер планот за проектот Сахара млекарница во Македонија. Со деталите се запознаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, претставници од Управата за ветеринарство, од Министерството за транспорт и врски, од Агенцијата за просторно планирање, градоначалникот на Лозово, Орце Цветковски и градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев како и Виктор Мизо, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Целосниот мастер план детално го објаснува распоредот и динамиката на одвивање на работите на терен. Следната година ќе започне и изградбата на модерната енергетско ефикасна млекарница со модерна фарма со современ систем на молзење и напредна технологија за надгледување на сточниот фонд.

Целиот проект ќе биде во соработка со општините кои се зафатени со него, како и со постојана размена на информациите со Министерството за земјоделие во текот на спроведување на проектот.

Сахара Групацијата во следните три години ќе изгради регионален млечен центар, инвестиција вредна  211 милиони евра, каде ќе се вработат над 2.000 лица и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда. Во тимот на Сахара Пјур се експерти од Европа, САД и Саудиска Арабија кои работат со години на вакви фарми и имаат големо искуство

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?