27 Април, 2024
0.0283

Причини, последици и заблуди за несоницата

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Најголема заблуда за несоницата е да се занемарува фактот дека е присутна, и да се негира потребата од нејзин третман.Природните препарати на база на мелатонин и растителни екстракти се најефикасни во борбата со повремената, акутна несоница.

Што знаеме, а што не во врска со несоницата и нејзиното влијание врз нашите животи, разговараме со др.Јулија Василевска, специјалист по психијатрија. Дознајте како да ја спречите несоницата и како да си помогнете доколку ви причинува проблеми.

За да можеме да зборуваме за несоницата, мораме прво да го разбираме сонот и што тој значи за нашето здравје и нашата продуктивност. Ќе можете ли за почеток накратко да ни го објасните сонот како физиолошка појава и неговата улога.

Спиењето е  природна,  периодична, физиолошка состојба на намалена будност која се карактеризира со снижена перцепција и реакција на надворешните дразби .

Во сон поминуваме 1/3 од животот, зависи од дневно-ноќниот циркадијален ритам  и таа состојба е регулирана од страна на големиот мозок, таламусот, различни хормони  и невротрасмитери продуцирани во хипоталамусот, како и надворешните влијанија .

Мозокот има потреба од сон, затоа што сонот е начин да се обноват функциите на нервниот систем. Во текот на сонот имаме редукција на општата активност, релаксација на скелетната мускулатура, снижен пулс, снижен притисок, намалена телесна температура и намалена фрекфенција на дишење, преовладува работа на парасимпатикус, а се менува и био потенцијалот на мозокот .

Сето ова условува регенерација на организмот со зголемување и обновување на нивото на гликоген , кој ке се користи во текот на денот за различни активности .

Затоа сонот е неопходен предуслов за стабилно функционирање на организмот .

Согласно вашето лекарско искуство, кажете ни колку често се соочувате со луѓе кои страдаат од несоница?

Во секојдневната пракса многу често се сретнуваме со пациенти кои заради најразлични причини страдаат од несоница .

За несоница можеме да зборуваме ако во текот на ноќта повеќе од еден час не можеме да заспиеме, често се разбудуваме и чувствуваме неспокој и/или рано се будиме иако сме легнале многу доцна.

Несоницата се случува речиси кај секој човек во неговиот животен век. Почесто страдаат жените од мажите, а со возраста несоницата се јавува многу почесто. Повеќето луѓе кои страдаат од несоница имаат преживеано некој облик на стрес и анксиозност.

Освен стресот и анксиозноста, кои се другите причини за појава на несоница?

Освен стресот и анксиозноста , несоницата се појавува и при други акутни болести, болка или дискомфорт, несоница предизвикана од надворешни влијанија (промена на креветот, болница, светлина, бука итн). Сите овие состојби предизвикуваат таканаречена акутна несоница, која по отстранување на познатите причинители се редуцира и се воспоставува уреден сон.

Какви типови на несоница постојат, кој од нив медицински е најсериозен и зошто?

Покрај акутната несоница, посериозен проблем претставува и хроничната несоница која се јавува при посериозни психички проблеми како депресии, психози, пореметување на структура на личност, лоши животни навики, хронични здравствени проблеми, невродегенеративни пореметувања, користење на психо активни супстанции и злоупотреба, како и при недостаток на физичка активност .

Секако најсериозни несоници се јавуваат кај психијатриските пореметувања од типот на депресија и шизофрени пореметувања .

Кои се последиците од хронична несоница?

Како резултат на хроничната несоница се јавува редуцирана работна ефикасност во текот на наредниот ден, со чувство на хроничен замор, намалена концентрација и намалена работоспособност .Ова дополнително ја зголемува анксиозноста и депресивноста и се јавува маѓепсан круг на симптоми, несоница, анксиозност, депресивност .

Според Вас, кои се заблудите, односно незнаењата или погрешните знаења на луѓето во врска со несоницата?

Најголема предрасуда за несоницата е да се занемарува фактот дека е присутна, и да се негира потреба од третман.Тоа носи до појава на хронична несоница , исцрпеност , неефикасност и психички пречки, како и појава на психосоматски болести (покачен крвен притисок, срцебиење, опструктивни белодробни болести , дерматити , улкуснаболест итн)

Заради тоа колку порано се побара помош ,толку подобро може да се делува и на егзогените и на ендогените причинители .

Кажете ни што најмногу им препорачувате на пациентите за природно да се справат со оваа состојба?

Секогаш при третирање на несоницата треба да се земат добри анамнестички податоци за да може да се детектира кога започнала ,за каква несоница се работи и на кои фактори првин треба да се делува . Секако доколку не се работи за серизно психичко нарушување третманот се започнува со природни фармаколошки формули на база на билни екстракти или прекурсори .

Во лекарската пракса најдобри резултати даваат препарати на база на мелатонин во комбинација со екстракт на корен од валеријана и мелиса. Мелатонинот е хормон кој природно се наоѓа во нашето тело и го регулира сонот. Валеријаната е природен анксиолитик и помага и за редукција на анксиозноста, а и мелисата има благо природно антидепресивно дејство и делува како антиоксиданс. Ваквата комбинација благопријатно делува и за кратко време дава бенефит и подобар сон, а особено ако се користи подолг временски период превенира повторно јавување на несоница .

Секако се препорачува и хигиено-диететски режим на исхрана, физичка активност и медитациони техники .

Во кои случаи луѓето треба да посетат лекар кога е несоницата во прашање?

Препорачувам посета на лекар за секоја несоница која трае во континуитет подолго од еден месец ,бидејќи зад ова може да се крие сериозно психичко нарушување кое бара поинаков и покомплексен медикаментозен и психотерапевтски третман .


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“