Пријавил дека неколку лица го тепале, а потоа полицајци го уапсиле поради навреди кон нив
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022
Скопјанец прво пријавил дека го тепале, a потоа полицијата него го уапсила.
Жител на Скопје вчера пријавил дека неколку лица го нападнале кај Бит-пазар, но по неколку часа подоцна полицијата го уапсила поради агресивно однесување и навреди што ги упатил кон полицајци.„На 11.10.2022 во 17.22 часот во Полициска станица Бит Пазар, Р.Р.(24) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачјето на Бит-пазар бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно од нив употребило остар предмет. Подоцна, околу 22.40 часот на подрачје на Бит-пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.Р., затоа што агресивно се однесувал и упатувал навреди кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, стои во полицискиот билтен.
Полицијата најави пријава по целосно документирање на случајот.