Пријавуваат непрописно паркирани возила и заработуваат пари
Објавено во: Финансии 06 Февруари, 2017
Британците најдоа начин како да се борат со возачите кои непрописно се паркираат.
Граѓаните можат преку апликација да фотографираат непрописно паркирани возила и анонимно да ја пратат фотографијата на компанија, која се грижи за паркинг просторот на големите ланци на маркети и трговски центри.
Возачите добиваат казна од 60 фунти, а ако не платат за 14 дена тогаш таа ќе изнесува 100 фунти.
На оној кој пријавил ќе му бидат исплатени 10 фунти. За едни ова е добро решение, за други не.
Сепак, автоматски не се пишува казна, туку се проверува на терен.
Некои луѓе сметаат дека ова пријавување може да доведе до судир меѓу оној кој пријавува и оној кој е пријавен, а крајната цел е да се заработат пари.