15 Мај, 2024
0.0352

Приказната за спасот на Исланд од економската криза

Објавено во: Анализа 11 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Во октомври 2008 година Исланд доживеа финансиски крах со размери кои досега беа ретко видени. Пропаднаа банки кои сочинуваа 90 отсто од банкарскиот систем, а по преполовувањето на вредноста на круната, во рок од еден месец беа замрзнати сите менувачки трансакции. Следуваше длабока рецесија. Меѓутоа Исланд денеска доживува изненадувачко опоравување. Оваа, во најмала рака необична земја, со најголема стапка на наталитет во Европа, најмногу објавени книги по глава на жител, во која населението во текот на 11 вековната историја преживеа неколку страшни помори поради острата клима и вулакните, посебна и по уште едно нешто: граѓаните едноставно одбија да ги спасат пропаднатите банки. Тоа и така се пари на странски инвеститори, беше мислењето кое преовладуваше во јавноста.  Зошто Исланд? Исланѓаните традиционално се занимаваат со рибарство и земјоделство, но од 2000-та во оваа земја започнаа да се слеваат огромни количини на пари. Се чини дека никогаш претходно ниту една земја не успеала да привлече толку голем капитал по глава на жител, за во така краток рок парите да ги снема. Сега Исланд повторно му се врати на рибарството. Земјоделството расте со солидна стапка од два и повеќе проценти годишно, растат платите, а долгот опаѓа. Долгот кон ММФ е отплатен пред време. - На почеток на исландското чудо се појавија Германците, вели за неделникот Шпигел, некогашниот главен економист на најголемата исландска банка, Асгир Џонсон. Милијарди евра исчезнаа за момент, а преку ноќ пропадна и работата на Асгир. Тој во меѓувреме објави книга под наслов - „Зошто Исланд? Како е една од најмалите земји во светот стана најголема жртва на кризата?“ - Токму германскиот капитал, објаснува Асгир, најмногу се слевал на Исланд откако се либрализираа тамошните банки во деведесетите. И денеска Германија е најголемиот доверител на Исланд.  - Германија е слаба на Исланд. Дури и Вагнер ги позајмуваше нашите легенди за оперите, вели Асгир кој денеска работи како професор во Рејкјавик. Во 2012г. дури 65000 германски туристи го посетиле Исланд, со што се трети на листата по Американците и Британците. Рибарството е трикот на исландската економија? Брзото опоравување на Исланд се темели на неколкуте мерки кои нобеловецот Пол Кругман ги препорачува и на другите земји. Потегот Исланд, според Кругман би означувал следното: оставете ги банките да пропаднат, девaлвирајте ја валутата (ако имате сопствена), воведете контрола на додaтокот на капитал и обидете се да избегнете плаќање на надворешниот долг. Асгир, кој тврди дека предупредувал за кризата возбудено говори за новите можности за раст, кои се темелат врз стари ресурси: работоспособното населениe, здравата демократија, виското ниво на образование, туризмот и обновливите извори на енергија. - И рибарството секако, што би биле ние без рибарството?, вели Асгир Џонсон. И навистина една од мерките за опоравување беше одлуката на владата на сите граѓани да им дозволи улов до 650 килограми риба дневно во период од мај до август, поради што нагло беше зголемен бројот на рибари аматери. За промените низ кои минало општеството покажува и приказната на рибарот Вали Хоскудсон, кој бил вработен во една од пропаднатите банки. - Јас бев еден од оние кои на луѓето им увалуваа кредити. Кога за обебзедување на кредит од 65 000 евра ми понудија стара машина шефот ми рече: - Дај им пари, а ако бараат два пати повеќе дај им ја и таа сума, вели Вали кој сега му се посветил на рибарството. Повратниците инвестираат во обновливи извори на енергија Скули Могенсен, еден од најбогатите Исланѓани открива како одлучил да се врати на Исланд токму во октомври 2008 година. - Знаев дека морам да се вратам дома. Помислив дека на Исланд сме му потребни и јас и моите пари, вели Моргенсен. Ја продал својата софтверска компанија во Канада на Нокиа и се вратил во татковината подготвен за нов бизнис. - Бев свесен дека има три главни сектори на Исланд. Прво е рибасртвото, но тоа е сектор кој е многу цврсто регулиран. Второ е туризмот, сектор кој расте со 20 одсто годишно. Затоа отворив авиокомпанија (Wow). Трет сектор се обновливите извори на енергија. Исланд е вистинска еко земја, а тоа е причината поради која го покренав бизнисот со био-етанолот, вели тој. Покрај Рејкјавик се наоѓа геотермална електрана чии нуспроизводи се сина вода која се кроисти за геотермалната бања - Сина лагуна, една од најголемите атракции. Друг нус производ е јаглен-диоксид кој компанијата на Моргенсен го преработува во метанол. Исланд во моментов користи 25 проценти од својата гео термална и хидро енергија, а државната енергетска компанија планира до 2020 година да започне преку подводен кабел да извезува електрична енергија во Британија од обновливи извори. До тогаш очекувањата на Моргенсен се сите возила на Исланд да користат возила на погон на био-метанол.  Кризата довела и до враѓање на љубовта кон плетењето за што сега има и курсеви, а плетените производи се главна мода на улиците. Вкупната вработеност во Исланд сега изнесува 80 отсто од населението. K.K.