ПРИВЕДЕНИ БУГАРИТЕ КОИ ФИЗИЧКИ САКАЛЕ ДА ГИ НАПАДНАТ ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Што се случуваше денеска на Деве Баир
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2023
Министерството за
внатрешни работи информира дека на граничниот премин меѓу Македонија и
Бугарија, „Деве Баир“ приведени се тројца бугарски државјани, кои се обиделе
физички да нападнат полициски службеници при влез во Македонија.
-Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР.