Приведоа Французинка и Белгијка за тероризам, патувале за Софија
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2017
Унгарската полиција уапси Белгијка и Французинка, барани со европска потерница под обвинение за поврзаност со терористи, пренесоа агенциите, цитирајќи соопштение на официјалниот сајт на полицијата.
Белгијката, на 18 година, и Французинката - на 19 година, се уапсени во 2 часот по полноќ кога двете се обиделе да преминат преку унгарската граница кон Србија со автобус кој се движел од Виена за Софија.
Една од приведените имала лажен пасош.
Крајната дестинација на Белгијката и Французинката била Сирија.
Двете жени планирале да се приклучат на екстремистички фракции поврзани со џихадистичката група „Исламска држава".