29 Април, 2024
0.0284

ПРОБЛЕМ Е НАПАДОТ ВО БАЊСКА: Oсмани ќе побара Македонија да излезе од Отворен Балкан

Објавено во: Македонија 15 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи е незадоволен од иницијативата Отворен Балкан и ќе побара излегување на Македонија. 

Османи ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција во однос на иницијативата Отворен Балкан како обид за стекнување ситни политички поени. Најави дека на првата наредна седница на Влада на која иницијативата ќе биде тема, ќе предложи излегување од Отворен Балкан.

„Ова што го прави опозицијата е непознавање на регионалната соработка, непознавање на меѓународните прилики и обид да профитираат ситни политички поени на теми што не ги знаат. Тоа е нивната најголема слабост и што не ја знаат надворешната политика. Немаат искуство и претендираат да влезат во еден ринг со луѓе коишто цел живот го посветиле на оваа тема“, изјави денеска Османи на новинарско прашање по прес-конференција во МНР.

За Отворен Балкан, тој додаде дека тоа било повеќе идеја на премиерот на Албанија Еди Рама, како обид за помирување, односно, како што рече, „една егзит стратегија за Србија да може да воспостави односи со Косово, па и меѓусебно признавање“. Вели дека по настаните во Бањска немало состанок или наше присуство на Отворен Балкан.

„Реков ако се потврди дека Белград има вмешаност, тогаш навистина го прави невозможно, бидејќи идејата на Отворен Балкан беше поинаква. Беше идеја да се воспостави една можност за Србија и Косово полека да почнат да создадат предуслови за меѓусебно признавање и воспоставување дипломатски односи, како една од иницијативите покрај економската соработка, итн. Се разбира секоја држава ја истакнуваше својата перспектива. Некои ја истакнуваа економската соработка, некои ја истакнуваа мобилноста на граѓаните, некој го истакнуваше помирувањето. Ние, зборам сега и како политичка партија, ако можам да кажам во тоа гледавме можност за помирување и меѓусебно признавање, бидејќи таква беше идејата на премиерот Рама. Меѓутоа, ова со Бањска навистина ги поремети тие односи. Затоа јас не сум присуствувал веќе на тие средби, и нема да присуствувам“, вели Османи.

Тој најави дека како претседателски кандидат на Европскиот фронт и на ДУИ планира да воспостава нова претседателска иницијатива, Самит на хармонзираните сто отсто со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.

Отворен Балкан овозможува повеќе поволности за Македонија, Србија и Албанија, меѓу кои е и движењето на работната сила. 

Нападот во Бањска на Косово се случи лани, кога вооружена група Срби уби еден косовски полицаец, а потоа во престрелката загинаа и четири лица од групата. 

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи