27 Април, 2024
0.0282

Проблеми за САД: Светот е пред прагот на создавање на нови економски модели!

Објавено во: Анализа 01 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Светот е пред прагот на создавање на нови економски модели, каде што САД веќе нема да играат таква значајна улога, а за уништување на Бретон-Вудскиот систем се виновни самите САД, кои премногу напорно ги диктираат правилата на други држави. Такво мислење изрази претседателот на „Eurasia Group“, професор Јан Бремер од Универзитетот на Њујорк во својот извештај наречен „Одбројување од нула. Надминување на поделбата“. Неговиот извештај е претставен на сајтот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како во појаснување си Фондот наведува дека извештајот изразува ставовите на авторот, а не на самата финансиска институција.

Јан Бремер е американски политиколог, специјализиран за надворешна политика и глобални политички ризици. Тој е основач на „Eurasia Group“ и под негово раководство работат 40 аналитичари и менаџери за продажба во Њујорк, како и 480 организациски и фрленс истражувачи во 65 држави.

Меѓу неговите клиенти се ExxonMobil, Morgan Stanley и хеџ фондот Caxton. Светскиот ред кој преовладува од крајот на Втората светска војна, се уништува. Дисбалансот ја расклати рамнотежата внатре во државите, регионите и на меѓународната политичка сцена. Резултатот е еден свет на нулта ниво, карактеристичен со растечкиот вакум во глобалното управување. Но тоа не може да трае вечно. Порано или подоцна ова ниво ќе отстапи место на новиот светски поредок, убеден е Бремер.

Промена на парадигмата

Според него, забележлива улога во уништувањето на оваа парадигма игра премногу јавното лидерство на САД, кои последниве години исповедаат принципи на „воена економија“ и политика на санкции. Експертот особено ги истакнува зборовите на министерот за финансии на САД Џејкоб Лу, кој признаваше дека „ако (американските санкции) се мешаат прекумерно во паричните текови во целиот свет, финансиските операции ќе може да се поместат од САД, што може да ја загрози нивната централна улога.

Директните загуби и трошоци во потрага по алтернативни патишта кои компаниите ги трпат поради политичките ризици, веќе секојдневно и штетат на светската економија, а сериозно страда довербата во финансискиот систем, предводен од САД и тројката најголеми во светот рејтинг агенции (Fitch, Moody's, S & P) . Како резултат, земјите формираат нови Алијанси, создаваат алтернативни финансиски институции и рејтинг агенции. На пример, Кина ја презеде иницијативата за создавање на „Азиската банка за инфраструктурни инвестиции“, со која веќе е подготвен да соработува ММФ, а и кон неа се приклучија многу држави, потсетува експертот.

Во светот нема држава лидер

Тој додава дека политизацијата на економијата веќе предизвикува незадоволство во Европа, на која сакаат да наметнат „економски НАТО“ со трансатлантскиот договор за партнерство во сферата на трговијата и инвестициите (TTИП). И првата ластовичка на незадоволството е одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ.

Споменувајќи го НАТО, експертот забележува дека алијансата доживува тешки времиња и „откривањето на очигледни пропусти во секој оддел на Алијансата би вдахнало во него повеќе живот отколку кризата во Украина“.

За карактеристиката на другиот американски проект - Транстихоокеанското партнерство (ТТП) - Бремер ја користи формулацијата на Кина: тоа е обид „да се напишат правилата за трговија“, за да не се почитува Светската трговска организација (СТО).

- Падот на СССР, со кој беше ставен крај на 40-годишната идеолошка борба, ги крена влоговите на Бретон-Вудскиот ред, пишува Бремер.

- Во позадината на посткризното обновување и паралелното зголемување на геополитичката и економска улога на Кина, скапите интервенции на Американците на Блискиот Исток за проширување на влијанието го ублажија влијанието на Вашингтон, пишува експертот.

Тој забележува дека таквите пазари во подем како „Индија и Бразил едвај ќе сакаат да живеат во свет каде што би командувале Кина или Русија, но Делхи и Бразилија се подготвени да соработуваат со секој кој ќе им помогне да се намали американската доминација“. И додава дека дури европските приврзаници веќе не се толку солидарни, но „кога САД ќе ги повлече на своја страна, тие со жалење разбираат дека Вашингтон не трпи алтернативно мислење“.

- Резултатот е започнатото од нула броење на новиот светски поредок, во кој никој не управува. Тоа не е повеќе светот на Америка, но не и на било кој друг. Ние живееме во сложена геополитичка неутрална зона во која едностраноста заврши, но останува нејасно кој ќе ја замени, резимира политикологот.