27 Април, 2024
0.0261

Проблемите на Јапонија

Објавено во: Анализа 15 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Печатењето на пари во САД и слабиот долар, надополнет со кризата која никако да пројде во целост го зема данокот во Јапонија. Земјата без дилема е светки економски гигант но се чини дека има се повеќе проблеми со економијата. А тоа е проблем за економија која игра во првата лига и се се чини дека се потешко успева да го задржи тој статут. Последните податоци укажуваат дека земјата оди кон нова рецесија. БДП за третиот квартал забележа пад од 0,9% споредено и минатаиот квартал, што резултираше со силен пад од 3,5% на годишно ниво. И покрај огромните напори за подобрување на ситуацијата сега засега ефектот го нема, ниту на берзата ниту во реалната економија. Втор месец по ред Банката на Јапонија интервенира на пазарите со неверојатни 150 милијарди долари, но сега засега комплетно залудно. Државата со години мака мачи со дефлација, што значи дека интерост за нови заеми е доста мал. Освен ова огромен проблем преставува високиот курс што јенот го има спрема доларот и резултат на ова се неконкуретни производи кои од Јапонија се продаваат ширум светот. Спиралата продолжува со големо намалување на капиталните инвестиции кои ги имаат Сони и Панасоник кои не успеваат да се справат со големите загуби кои ги имаат поради јаката валута и намалената побарувачка. Овие две компании ја намалуваат инвестиционата потрошувачка за 29 и 27%. Згора на сето ова последните протести на Кинезите, кои веројатно се мотивирани од нивната влада значително ја намалија побарувачката на јапонски возила, при што како најподен се најде Нисан. Делува дека позитивните податоци во изминатите квартали беа базирани исклучиво на реизградбата после земјотресот. Спасот изгледа ќе треба да биде баран во зголемувањето на побарувачката од другите страни на светот. Домашните потрошувачи го достгинаа пикот и останува надежта дека конечно при крајот на годината ќе има зголемување на побарувачката на светско ниво. Токму поради ова во Јапонија внимателно ќе се следи ситуацијата со такаречениот фискален амбис и одлуките кои ќе ги донесат американците на тоа поле. Редакција Фактор