03 Мај, 2024
0.0248

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ: 7 совети за прекрасен работен ден!

Објавено во: Стил 28 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Секој работен ден може да биде продуктивен и пријатен, ако го организирате на вистински начин. Овој пат ве советуваме да ги правите овие 7 работи кои треба ви помогнат да се чувствувате подобро на работа, а и не само:

1. Започнете со 15 минути позитивен придонес

Тоа е лесно за постигнување и одржување на позитивен став, ако имате „библиотека“ од позитивни мисли во главата. Започнете го секој ден,читајќи инспиративна книга или слушајќи музика, за да си гарантирате дека имате токму таков ресурс во главата.

2. Поврзете ја работа со постигнување на целите во животот

Секогаш се сеќавајте дека има подлабока причина за тоа луѓето да одат на работа и зошто сте го избрале токму овој вид вработување. Можеби тоа е за да го поткрепите семејството, да го промените светот на некој начин, за да им помогнете на вашите клиенти да ги подобрат сферите на активност.

3. Користете го рационално времето за патување

Повеќето луѓе си го губат времето додека патуваат слушајќи вести, зборувајќи по телефон или пишувајќи текстуални пораки. Всушност времето во патување е идеално време да се настроите позитивно за денот, а нема подобар начин да го направите ова, отколку да слушате музика која навистина ве инспирира.

4. Експрес позитивизам

Кога повеќето луѓе бидат прашани „Како си“? или „Што се случува?“, тие обично велат нешто неутрално (“Јас сум OK“ или “Горе-долу“). Овој вид на одговори го програмираат мозокот за неуспех. Наместо тоа одговорете: „Фантастично“.

5. Направете го прво она што е важно

Секој се жали од присуството на премногу работа. 20% од вашите активности репродуцираат 80% од вашите резултати. Значи започнете од најважното.

6. Избегнувајте негативни луѓе

Ако ги следевте претходните чекори, најверојатно, ќе заклучите дека повеќето негативни луѓе во вашето опкружување ќе ве избегнуваат, додека позитивните луѓе ќе сакаат да се околу вас.

7. На крајот на денот опуштете се 

Откако завршивте со работниот ден, пополнете го остатокот од денот со активности кои ви носат радост и ви помогаат да се релаксирате.