17 Мај, 2024
0.1741

Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

-Продавницата нуди персонализирано корисничко искуство, интерактивна сценографија за запознавање со технолошките новитети и директна отворена комуникација со вработените

-Попуст и до 5.000 денари за купен уред со Договор за Фамилијарен буџет во Magenta 1, како и телефони за 1 денар со Договор за доверба 24 во Magenta 1M и Smart М тарифите

Персонализирано корисничко искуство, интерактивна сценографија за запознавање со технолошките новитети, отворен простор за изложување на производите и директна отворена комуникација со вработените. Ова е новиот концепт на Телеком продавницата сместена во Управната зградана компанијата, којашто ќе се отвори утре, на 22 ноември, во 14 часот.  

Новиот концепт на продавницата го проширува хоризонтот на класично продажно местоуште на самиот влез, со модерен дизајниран излог кој на корисникот му навестува амбиент на интересно дигитално патување во светот на модерната технологија. Пoсебен акцент е ставен на личното искуство и на впечатоците на секој корисник за технолошките новитети добиени од изложените интерактивни сценографии во продавницата.

Продажниот концепт се состои од четири составни елементи: отворен простор за изложување на сите продукти и уреди - веднаш достапни за корисниците, интерактивен пулт кој ги надминува бариерите и овозможува воспоставување заемна соработка помеѓу корисниците и продажните агенти, потоа гејминг зона за несекојдневно гејминг искуство каде што нема индивидуални победници, туку чувството на победа се изразува во заемно поминатото време, како и дигитално катче во кое ќе се претстават предностите и можностите што ги нуди паметната технологија. Целиот фокус во продавницата е ставен на современата технологија и дигитализација, односно автоматизација на услужните процеси кои ќе придонесат за олеснување на корисничкото искуство.

Македонски Телеком на денот на отворањето на новата продавница, утре, на 22 ноември, подготви атрактивни цени за купување на телефони. Одредени модели на телефони ќе можат да се набават со попуст и до 5.000 денари со договор за Фамилијарен буџет во Magenta 1, како и телефони за 1 денар со договор за Доверба 24 во Magenta 1M и Smart М тарифите.

Новиот концепт на продажен салон во Управната зграда на Телеком во Скопје, е трет во Дојче Телеком Групацијата, по Виена и Загреб. Оваа неконвенционална продавница го потврдува епитетот на Македонски Телеком како технолошки лидер, компанија која чекори напред пред останатите, креирајќи уникатни искуства за своите корисници. 


Можеби ќе ве интересира

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура