ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД
Објавено во: Балкан 29 Април, 2024
Доаѓањето на туристи од САД во Западен Балкан цел е на проектот „Зајакнување на трансатлантската соработка во областите на туризмот меѓу земјите од Запден Балкан и САД“.
Ова го подготвуваат стопанските комори од регионот и амбасадите на САД, пишува Форбс Црна Гора.
Ова е соопштено по средбата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, претседателката на стопанската комора, Нина Дракиќ и претставничката на САД, Никол Оталач и други.
На Спајиќ му го презентираа проектот Мистичен Балкан кој треба да ја поттикне регионалната соработка.
Се вели дека доаѓањето на американските туристи ќе биде знак дека овде е сигурно, дека имаме што да понудиме и тоа дополнително ќе придонесе за повеќе американски инвестиции во регионот.
Се смета дека ова е голема шанса за целиот регион и дека ќе ги мултиплицира ефектите и во други сектори. Следниот месец ќе биде потпишан меморандум во Вашингтон меѓу иницијаторите. Главниот настан ќе биде на есен. За успех на проектот потребно е да се размислува за повеќе авионски летови на земјите од регионот со САД.