18 Мај, 2024
0.2406

Професијата, во која жените заработуваат повеќе од мажите

Објавено во: Стил 16 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Мажите често добиваат повисока плата од жените.

Ова го покажуваат статистиките не само во САД, туку и насекаде во светот. Постои сепак професија во која жените се високо поплатени отколку мажите. Таа професија претставува водечка раководна позиција во компаниите.

Ново истражување, направено од компанијата Equilar и Асошиејтед Прес во 2014 година, покажува дека жените кои се главни финансиски директори се подобро платени од мажите.

Жените финансиски лидери заработуваат во просек за 200 000 долари повеќе од мажите. Просечната плата за оваа позиција е 3,32 милиони долари.

Според истражувањето, платите на трговските директори жени растат побрзо во споредба со оние на мажите.

Во последната една година платите на жените, се зголемиле за 11%. Кај мажите унапредувањето е само 7%.

Според Форчн, Рут Порат од Гугл е највисоко платената жена на планетата во 2014 година.

Иако жените главни финансиски директори се повисоко платени, тие се уште се помалкубројни во однос на мажите,  покажа уште студијата.