16 Мај, 2024
0.0342

Профитот на IKEA расте и покрај слабата побарувачка во Европа

Објавено во: Анализа 29 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Потрошувачката во многу од пазарите на кои оперира најголемиот производител на мебел во светот IKEA Group, почналa да се обновува. Тоа е причината и за рекордната добивка на шведската компанија, пишува агенцијата Ројтерс, цитирана од Yahoo Finance. Компанијата доживува тешкотии најмногу во Европа, на која отпаѓаат 70% од продажбата. Причината лежи во глобалната економска криза и мерките за штедење најмногу во земјите од еврозоната, кои имаат негативно влијание на потрошувачкото расположение и куповна моќ на граѓаните. Нето добивка на IKEA за 12-те месеци, заврши на 31 август 2013 година, порасна до 3,3 милијарди евра во споредба позитивниот финансиски резултат од 3,1 милијарди евра, истиот период  во 2012 година. Податоците објавени во октомври, покажаа дека за фискалната 2013 година приходите од продажба на IKEA скокнаа за 3,1% до 27,9 милијарди евра во споредба со растот од 1,8% во 2012 година. Од IKEA соопштуваат дека побарувачката од Кина била исклучително висока. Таму се отворени две нови продавници, како во Русија и САД. Јужна Европа, која се уште е во прегратката на кризата, сепак зрачи и позитивни сигнали. Додека продажбата во Италија и Шпанија е намалена. Компанијата ја најави и својата намера во оваа фискална година да инвестира 2,5 милијарди евра во продавниците и фабриките, во обновливи извори на енергија и трговски центри. “Како што  создаваме подобри производи по пониски цени , и колку повеќе сме инспиративни, подобрувајќи ги  нашите продавници , ќе отвориме нови и ќе ги прошириме нашите онлајн продавници , до 2020 година планираме да се удвои продажбата " , вели главниот извршен директор на IKEA Петер Агнефел . Растот треба да дојде од постојните пазари - во Кина компанијата отвори 11 продавници за последните 10 години - но и од новите пазари како Индија , на пример . Тaму IKEA планира да победи на зголемената побарувачка на се поголемата градска средна класа . Откако доби одобрение од индиската влада , сега финскиот концерн бара место за изградба на својата прва продавница . IKEA нуди и онлајн шопинг, компанијата влегува во онлајн просторот релативно бавно. Швеѓаните имаат амбиции да нудат интернет услуги на сите пазари на кои работат, но не е јасно во каков рок имаат намера да го спроведат својот план. IKEA поседува над 300 продавници во 26 земји, низ нив поминале околу 680 милиони клиенти во изминатите 12 месеци. Во компанијата работат над 135 илјади лица. К.К.