03 Мај, 2024
0.0270

Прогласени победниците на „Наградата за социјално претприемништво 2019“

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Денес во Скопје во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој официјално по петти пат се одржа доделувањето на наградите за социјално претприемништво (Social Impact Award 2019) кои се наменети за студенти и млади од Република Северна Македонија.

За најдобрите три (3) идеи/решенија EdiStraw, TreeBanks и CoSense, Шпаркасе Банка Македонија обезбеди парични награди во висина од по 2.000 евра за секој од нив. Четвртиот победник „Дружење без граници” доби од Фонд за иновации и технолошки развој ваучер за посета на настан во странство. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно патување во Киев кадешто ќе се сретнат со претприемачи од 16 европски земји со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.

“Среќни сме што Treebanks е препознаена како идеа со социјален импакт. Се радуваме што наградата од SIA Македонија ни дава можност да се презентираме интернационално во Киев” изјави Невен Стевчев од TreeBanks.

„Шпаркасе Банка во рамките на стратегијата за општествена одговорност под платформата “Sparkasse Life”, активно ги поддржува проектите кои се насочени кон едукација, менторска поддршка и финансиско советување на младите и талентирани студенти, како и развој на нивните капацитети за водење на сопствен бизнис. Како дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата даваме поддршка за реализација на проектите кои имаат социјална компонента, ги поддржуваме младите иноватори, идните претприемачи кои имаат визија за реализација на нивните проекти, како и придонесуваме за поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории.“ изјави Владимир Кечовски, Директор во Дирекцијата за мали и средни претпријатија во Шпаркасе Банка Македонија.

“ Фондот за иновации и технолошки развој работи на воведување на иновации во јавниот сектор. Еден таков успешен пример е реализацијата  на проектот „Оброк за сите“, кој Фондот го спроведува во соработка со Министерство за труд и социјална политика, и организацијата „Ајде Македонија“. Преку овој проект, чија имплементација веќе дава позитивни резултати, оние семејства и поединци кои се најмногу засеганти имаат пристап до топол квалитетен оброк. Свесни сме за потребата од воведување иновации во општественото живеење бидејќи бенефитите ги чувствуваат сите граѓани. Фондот трета година по ред ја поддржува Програмата за социјално претприемништво, токму поради оваа причина. Ќе продолжиме да го поддржуваме социјалното претприемништво и понатаму, особено што некои од овие фирми ќе можат да прераснат во комерцијални бизниси кои понатаму ќе можат да се слушат со средства од фондот преку некои од нашите инструменти за поддршка,“  изјави Николина Стојанова-Трајковски од Фондот за иновации и технолошки развој.


Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија