27 Април, 2024
0.0274

Промена во менаџерскиот тим на Шпаркасе Банка Македонија Г. Алвин Аличевиќ номиниран за член на Управниот одбор одговорен за ризици и операции

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

По изминати 2,5 години во Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, со надлежност одговорен член за управување со ризици, г. Дамир Иваштиновиќ ја продолжува кариерата во рамките на Ерсте и Шпаркасе Групацијата. Почнувајќи од 15.9.2017 г., г. Иваштиновиќ ќе ја преземе позицијата член на Управниот одбор одговорен за управување со ризици и финансии во Ерсте Банка Црна Гора – една од најуспешните членки на Групацијата во регионот.

„Му искажуваме голема благодарност на г. Иваштиновиќ за ефикасното управување и имплементација на важни групациски проекти, особено во областа на управувањето со ризиците, согласно со стандардите на Шпаркасе и Ерсте Групацијата. Во текот на неговиот мандат како член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, тој со своето искуство и менаџерски способности даде значајна поддршка за одржување на континуитетот во успешниот развој на нашата банка во Р. Македонија. Се надеваме дека успешниот ангажман на Иваштиновиќ ќе продолжи во Ерсте Банка во Црна Гора“, изјави Сава Далбоков, претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија и член на Управниот одбор одговорен за меѓународни операции во Штаермеркише Шпаркасе АГ Грац.

За нов член на Управниот одбор во Шпаркасе Банка Македонија по 1.10.2017 г., номиниран е г. Алвин Аличевиќ, кој ќе биде одговорен за управување со ризици, организација и ИТ, процесирање, усогласување со прописи и правна служба. Г. Аличевиќ поседува десетгодишно работно искуство во рамките на Шпаркасе Групацијата и бил дел од важни проекти за воспоставување соодветна инфраструктура за управување со ризици во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) и пренесување практично знаење и искуство на банките што се дел од Групацијата.

„Јас сум убеден дека г. Аличевиќ, водејќи ги функциите ризици и операции, ќе придонесе за понатамошен развој на Шпаркасе Банка Македонија. Со неговата функција како групациски претставник за ризик во Шпаркасе Банка Македонија, г. Аличевиќ стекна длабоко познавање на структурата на Банката и веќе има воспоставено добри деловни релации со менаџерскиот тим. Сметаме дека со неговите квалификации и искуство, г. Аличевиќ е соодветно номиниран за член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија и се надеваме на успешно спроведување на клучните иницијативи на ризик и операции, како и за поддршка на деловниот развој на Банката“, изјави Далбоков.

Именувањата на новите членови во управните одбори во Ерсте Банка Црна Гора и во Шпаркасе Банка Македонија се предмет на вообичаени интерни и регулаторни одобрувања, пред сè согласности од централните банки и на Република Македонија и на Република Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“