ПРОМЕНИ: Падна Владата на Орбан
Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2020
Падна Владата на романскиот премиер Лудовик Орбан.
Со 261 глас „за“ и 139 „против“, пратениците ја урнаа малцинската центристичка влада околу законот за изборни реформи.
Владата дојде на власт во ноември откако Социјалдемократската партија (ПСД) го изгуби мнозинството во парламентот.
Сега парламентот има два обиди и 60 дена да избере нов премиер или да оди на предвремени избори.
Падот на Владата се случи по три месеци откако и беше изгласана недовербата што ја бараше опозицијата.
Орбан го презема владиниот кабинет откако парламентот во октомври ѝ изгласаа недоверба на социјалдемократската влада на премиерката Виорика Данчила.