Промени во Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво: Гоце Вангеловски нов неизвршен член
Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2021
Гоце Вангеловски е нов независен член на Надзорниот одбор на Сава пензисно друштво, соопшти компанијата преку Македонска берза.
Вангеловски има одобрение од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Функцијата на независен член на Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје ја извршува по истек на мандатот на независниот член Гоце Христов.
Со оваа промена Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје го сочинуваат Павел Гојкович кој е претседател, членовите Мојца Горњак, и Петер Скварча, а Гоце Вангеловски е независен член.
Вангеловски беше прв човек на Кроација осигурување-неживот.