Промени во Одборот на директори на Триглав осигурување
Објавено во: Финансии 25 Ноември, 2020
Војдан Јорданов ќе биде избран за нов член на Одборот на директори на Триглав осигурување. Собранието на акционери на друштвото е закажано за 25 декември, а Јорданов влегува во одборот како нов член во чиј состав остануваат другите членови со постојниот мандат.
Мандатот на Јорданов е 4 години, а почнува од 1 април следната година.
Војдан Јорданов е магистер на науки за бизнис, администрација, менаџмент на иновации. Беше претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво.