05 Мај, 2024
0.0421

Промоција на твининг проект за органско земјоделско производство

Објавено во: Агробизнис 06 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и шефот на делегацијата на ЕУ амбасадорот Аиво Орав ќе се обратат на конференцијата по повод почетокот на твининг проектот финансиран од ЕУ „Органско земјоделско производство и заштита на квалитетот на земјоделските производи“.

Целта на проектот е да се придонесе за развој на земјоделството во земјата низ јакнење на институционалните и административните капацитети за имплементација на политиките во земјоделство и руралниот развој. Проектот, во чија реализација ќе учествуваат италијански експерти, воедно ќе ги поддржи реформите фокусирани на пазарот и развој на сектор во областа на органското земјоделско производство и политиката на заштита на националниот квалитет во согласност со ЕУ легислативата.

За време на проектот експертите ќе ги анализираат потребите на институциите и ќе се изврши избор на продукти кои би биле заштитени и регистрирани по основ на различни критериуми – економски аспекти, обем на продукција, маркетинг потенцијали, заштита на традиционални аспекти и заштита на биодиверзитетот.

Проектот, за чија реализација е предвиден буџет од околу 700 илјади евра, треба да биде имплементиран до мај 2014 година.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?