28 Јули, 2017
0.1148

Просечна плата и трошоци за живот: Како е да се живее во Австралија?

Објавено во: Стил 19 Мај, 2017

Со своите природни богатства, топла клима и преубави плажи, Австралија спаѓа во 10 најсреќни места за живот. Иако е многу оддалечена, секогаш е примамлива дестинација како за туристи, така и за оние кои сакаат да студираат и работат во странство. Австралија исто така е земја со многу висок стандард, дури 142.73% повисок откај нас. Ви пренесуваме неколку просечни трошоци за живот во Австралија според последни истражувања.

Храна и пијалок

Според статистики, просечната плата во Австралија е 1.516AU$ на неделно ниво (извор Australian Bureau of Statistics), каде 30.9% одат на храна и пијалоци. Цените варираат во зависност од градот или државата. Мелбурн, Сиднеј и Перт се најскапи градови во Австралија, каде на неделно ниво само за храна се потребни од 100 до 280AU$. Во маркет литар млеко може да се купи и за 1AU$, овошје и зеленчук по килограм чини од 2 до 5AU$, додека леб е околу 3.50AU$. Австралијанци советуваат да се купува во маркети на месечно ниво кога се попустите, бидејќи на тој начин може да се заштеди дури до 50%. 

Оброк за двајца во синџири за брза храна, изнесува 18AU$,  додека ручек за двајца во некој просечен ресторан изнесува од 60 до 110AU$. Цените на алкохолни пијалоци се разликуваат во зависност дали се домашни или увозни и каде се продаваат. Така пиво во маркет може да се купи за 3AU$, додека некаде може да се најде и за дури 12AU$. Цената на кафе во ресторан или кафе бар е околу 4AU$.

Станарина

Цените на станови и сметки исто така варираат во зависност од држава и град. Од плата во Австралија според статистички податоци од оваа година, за станарина одат 32%. Цените на сметки, кои вклучуваат еднособен стан, греење, комуналии и интернет изнесуваат помеѓу 35 и 200AU$ неделно. Месечна кирија за еднособен стан надвор од центарот на градот во просек е 1.300 AU$. Цената на квадратен метар за купување на стан се движи од 3000 па до 12 000AU$, зависно од локацијата.

Превоз 

За превоз се потребни од 15 до 55AU$  неделно. Картата за возење по градскиот сообраќај во една насока чини просечно 4AU$. Што се однесува до такси, стартот се движи од 4AU$ по обична тарифа, па така саат време возење е некаде околу  50AU$. Литар бензин чини максимално 1.36AU$, а за купување просечен автомобил е потребно помеѓу 20.000 и 28.000AU$.

Можеби ќе ве интересира

Видео: Топ 10 дестинации за патување според Ричард Брансон

Видео: Топ 10 дестинации за патување според Ричард Брансон

Успешно решавање на конфликти - вештина на најдобрите менаџери

Успешно решавање на конфликти - вештина на најдобрите менаџери

На необично место закачил оглас за апартмани

На необично место закачил оглас за апартмани

Не се професионални моделки но, покажаа огромна женственост

Не се професионални моделки но, покажаа огромна женственост

(ГРАФИКА) Омилената социјална мрежа на Трамп губи корисници во САД

(ГРАФИКА) Омилената социјална мрежа на Трамп губи корисници во САД

(ФОТО) Сино море, бел камен, волшебни плажи -ова ќе го најдете само на Крф

(ФОТО) Сино море, бел камен, волшебни плажи -ова ќе го најдете само на Крф

ПСИХОЛОЗИТЕ ПОРАЧУВААТ: Еве што ви се случува ако работите и на одмор

ПСИХОЛОЗИТЕ ПОРАЧУВААТ: Еве што ви се случува ако работите и на одмор

Каде патуваат најздравите луѓе на светот?

Каде патуваат најздравите луѓе на светот?

Вака ќе изгледаат продавниците во иднина

Вака ќе изгледаат продавниците во иднина