Просечната нето-плата повторно над 27.000
Објавено во: Економија 21 Септември, 2020
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари. Сепак ова не е најдобрата, затоа што јануарската за 2020 беше 27.540.
Во однос на јули 2019 година нејзиното зголемување е за 8,5 отсто. Во овој период најмногу се зголемила кај образованието (12.7 %), информации и комуникации (12.4 %) и дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %).
Во однос на претходниот месец е зголемена за 1,4 проценти, а за овој период најмногиу забележано е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.1 %), уметност, забава и рекреација (7.1 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.6 %).
Во однос на почетокот на годината, односно на 1 јануари 2020, е зголемена за 8 отсто.