17 Мај, 2024
0.0278

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СЕГА НИ Е НАЈНИСКА - премиерот не отстапува од 30 илјади денари

Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Нови ветувања за пвисоки плати. Премиерот Зоран Заев во Прилеп на партиска трибина вети дека просечна плата од 30 илјади ќе има од идната година. Спиралата ќе ја повлече зголемената минимална плата од 14.500 денари, смета тој. 

„По секоја цена, ако треба, да одам бос, без чевли идната година ќе има просечната плата до 30 000 денари. Ќе тргне спиралата на зголемување на платите во сите сектори. Не само на минималната која е веќе 14.500 денари, туку и на просечната плата. Освен тоа, ќе има огромно зголемување на пензиите од почетокот на следната година“, рече Заев

Вети и дека уште во првиот квартал на идната година, лекарите-специјалисти ќе имаат просечни примања од 100 илјади денари.

„Идната недела сме со намера да ги објавиме зголемување на капитациите на матичните лекари, стоматолози, гинеколози. Конечна цел ни е до крјаот на годинава да постигнеме колективен договор во културата, но притоа мора сите да се изедначат со платите“, вели премиерот.

Според статистички истражувања на државите, пак, највисоки просечни плати во регионот се евидентирани во Словенија и Хрватска, а најниските во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Според словенечкиот Завод за статистика, просечната нето-плата во таа земја изнесува 1.114 евра, пишува Анадолија. Во исто време, тоа е единствената плата во земјите од регионот која го надминува прагот од 1.000 евра. Просечната плата во Словенија е двојно поголема од просечните примања во речиси сите земји од балканскиот регион, исклучувајќи ја Хрватска во која просечните месечни примања се движат околу 900 евра.

По Словенија следува Хрватска, исто така членка на Европската Унија, каде просечната плата во август изнесувала 864 евра. Следува Црна Гора, каде што според официјалните податоци на Заводот за статистика на Црна Гора, просечната  заработувачка без данок во август 2019 година изнесувала 517 евра.

Најниски просечни плати во регионот се забележани во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, просечната исплатена месечна нето-плата во БиХ во август оваа година изнесувала 925 конвертибилни марки (472 евра), Според податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија, просечната плата во Србија во август оваа година изнесуваше 54.115 динари или 460 евра.

Според Заводот за статистика на Северна Македонија просечната плата во јуни изнесувала 25.127 денари, односно 409 евра, што е убедливо најниската месечна заработувачка во регионот.


Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра